Адвокатот Дуковски смета дека основите за сомнение на Чавков не се ниту за дисциплинска, а не пак за кривично дело

Врховниот суд денеска на јавна седница одлучува за притворите на обвинетите од настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април.

Петочлениот совет од судии одлучува за 13 жалби поднесени од 15 осомничени од настаните на 27. април минатата година.

Во моментов во притвор се пратениците Kрсто Mукоски и Сашо Василевски, поранешниот министер за внатрешни Митко Чавков и уште неколкумина осомничени за насилствата на 27 април.  

Во домашен притвор се пратениците Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски.

На седницата се повикани пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски по што се очекува судот да се изјасни дали е потребно продолжување на нивниот притвор.

Адвокатот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков на денешната седница истакна дека она за кое обвинителството го гони Чавков не е доволно ниту за дисциплинска постапка, а уште помалку за кривично гонење. Адвокатот Сашо Дуковски исто така обвини и дека Затворкста управа воопшто не се грижи за здравјето на неговиот клиент и за фактот дека тој имал срцеви проблеми. За можноста за бегство на неговиот клиент, одбраната рече дека Чавков долго време бил министер за внтрешни работи и дека доколку сакал можел да избега и пред да биде приведен.

Адвокатите, но и самите осомничени кои добија можност да се обратат до судот побараа мерката притвор да им биде заменета со мерки за претпазливот или со куќен притвор, а како гаранција дел од нив ги понудија и своите пасоши. Дипломатските и личните пасоши ги остави пратеникот Сашо Василевски и Горан Ѓошески, шеф на обезбедување на поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски.

Врховниот суд има 48 часа да одлучи за жалбите на осомничените од случувањата на 27. април минатата година во Собрание.

 

 

 

20.03.2018 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа