Чадиев: На овие избори направете разлика како се живееше во времето кога во Велес СДСМ беше на власт и како е сега со ВМРО ДПМНЕ

Денеска е последниот ден од изборната кампања за претстојните локални избори. Во изминативе 20-тина денови водевме позитивна кампања. Ја промовиравме нашата програма „Нова ера за Велес“. На промовиравме на митинзи, на средби со граѓани, целни групи, од врата до врата. Допревме до сите, ја поделивме во домовите, истакна Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Дозволете ми да им се заблагодарам на сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои неуморно работеа во изминативе денови. Дозволете да Ви се заблагодарам и Вам граѓаните кои ни пруживте топол и срдечен пречек. Оваа изборна кампања ќе ја поделам на два дела:

 

Приот дел: Активностите на терен кои поминаа во најдобар ред и без никави инциденти, и

Вториот дел: Кој се однесува на големата црна кмапња која одредени политички центри блиски на СДСМ пласираа купишта со лаги само за да ме дискредитираат и да ми наштетат на денот на изборите. Ова очекувам да продолжи и денеска и утре.

Нив веднаш ќе им одговорам дека нема да им успее, рече Чадиев и додаде:

На овие избори потребно е да направите разлика

  • Како се живееше во времето кога во Велес СДСМ беше на власт и како е сега со ВМРО ДПМНЕ
  • Како изгледаше градот со 17 000 невработени и каков е градот сега со 3000 невработени,
  • Какви беа училиштата и градинките, а какви се сега
  • Направете споредба на што личеше градскит стадион тогаш и сега,
  • Во кои лиги се натпреваруваа спортските клубови
  • Имаше ли Велес манифестација на која доаѓаа по 50 000 посетители од целата земја,
  • Колку кал газеа велешани кои живеат во високите градски зони и во околните населени места
  • Како изгледаше Езерото Младост тогаш, а како е сега.

Тоа е разликата помеѓу двата политички концепти на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ. Ние работиме, а ветувањата ги реализираме. Секоја година даваме отчет за сработеното. Затоа во недела на 15 октомври, достоинствено, храбро и одговорно заокружете го бројот 13 за кандидатот за градоначални од ВМРО ДПМНЕ и за листата на советници. Само така ќе бидете сигурни дека ќе продолжи работата и ќе продолжи развојот на Велес.

 

 

 

 

13.10.2017 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа