Дирекцијата за заштита и спасување вработува пилоти

Во Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вработуваат пилоти. Информацијата за потребата за прием во редовен работен однос на пилоти во ДЗС ја усвои Владата на синоќешната седница.

- ДЗС и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, и за финансии добија задолжение да изнајдат навремено решение за ангажирање пилоти во Дирекцијата, соопшти владината прес-служба.

ДЗС поседува три противпожарни воздухоплови (амфибии) од типот Ер Трактор АТ-802А Фајр Бос, со капацитет од 3.100 литри вода. Во поддршка на флотата на ДЗС по потреба се вклучува и АРМ со хеликоптери од типот Ми-8/17 со противпожарни ведра со капацитет од 2.000 и 2.500 литри вода.

 

 

 

10.01.2018 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа