Џафери планира преземање на гостиварскиот огранок од Бејта

Собранискиот спикер Талат Џафери има време да се бави со внатрепартиски прашања, секако доколку им се верува на дел од албанските портали кои пренесуваат дека има интерес внатре во ДУИ да дојде до промени во Гостивар и избор на нов претседател на општинскиот огранок, пишува Фокус.

Главните причини за незадоволство кон Бејта кој на повеќе наврати беше градоначалник на општина Гостивар, лежи во тоа што тој ги изгуби последните локални избори кога му беше предизвикувач Арбен Таравари од Алијансата.

Можен наследник на Бејта во Гостивар е Газменд Сејфули од младинскиот форум на ДУИ. Токму тука лежи и притисокот на Џафери кој има висок авторитет во партијата како носител на третата најмоќна функција во Република Македонија, а имал и поддршка од членови на самото раководство за да се отвори патот за нови и млади кадри кои ќе понудат свежина во општината.

 

 

 

14.02.2018 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа