Ердоган остро ги предупреди Грција и Кипар да не ја преминуваат границата

 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги предупреди Грција, Кипар и меѓународните компании кои истражуваат гас во Средоземното Море да „не ја преминуваат линијата“ и да не ги повредуваат турските права.

Ердоган изјави дека опортунистичките намери во врска со експлоатација на гас на Кипар не минале незабележано.

Турски воени бродови се стационирани недалеку од Кипар за да ја спречат италијанската енергетска компанија „Ени“ да почне со експлоатација на природен гас Турција се противи на, како што тврди, едностраната потрага на кипарската Влада по течно гориво, бидејќи со тоа се нарушуваат правата на кипарските Турци на природните ресурси на островот.

Кипарските Грци ја обвинија Турција дека во текот на викендот со своите воени бродови ги попречувала бродовите кои требале да почнат со извлекување гас.   

Европската унија вчера побара од Турција да се воздржи од закани и од „секаква акција која би можела да ги наруши добрите соседски односи“ на Кипар.

 

 

 

13.02.2018 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа