Фото: ЕП ракомет 2018 - Македонија пристигна во Загреб

Македонската ракометна репрезентација претпладнево пристигна во Загреб каде ќе ги игра натпреварите од Ц-групата на Европското првенство кое почнува утре.

Македонија предводена од селекторот Раул Гонзалес во текот на денешниот ден ќе тренира во хрватската престолнина, а веќе в сабота ја очекува првиот дуел со Словенија.

Според најавите „црвено-жолтите“ ќе имаат голема помош од навивачите кои се очекува во илјадници да пристигнат од сите делови на Македонија, но и од дијаспората во Европа.

Покрај Македонија и Словенија, во Ц-групата се и селекциите на Германија и на Црна Гора.

 

 

 

11.01.2018 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа