Го репетирал пиштолот и и го вперил во глава - драма во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава  против 39-годишниот О.М. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело “разбојништво”.

Тој околу 19,00 часот влегол во продавница на улица „405“ во населбата “Иго Тричковиќ“ во Куманово, каде после сериозна закана, од појасот извадил пиштол којшто го репетирал и вперил во вработената, по што зел штека цигари “Малборо” и 15.190 денари од касата.

На излегување од продавницата, пријавениот ја удрил вработената со пиштолот во пределот на  главата и побегнал.

 

 

 

12.10.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа