Грчки свештеници со црковни ѕвона и парола „Македонија е грчка“ протестираа во црква

Во средата, во грчкиот град Аигио десетици грчки свештеници протестираа со црковни ѕвона во рацете и транспаренти со „Македонија е грчка“, барајќи изразот Македонија да не биде вклучен во новото име, објави локалниот сајт Filodimos.gr, а пренесува greece.greekreporter.com

Демонстрациите  беа организирани и предводени од  епископ  Амвросиос, кој важи за националист и е познат по анти-македонските ставови.

Според извештајот на локалниот сајт Filodimos.gr, за време на маршот на свештениците , сите црковни камбани биеја истовремено од црквите во овој град.

По обновување на преговорите меѓу преговарачите на Грција и Македонија  во Њујорк, грчките противници на компромисен договор ја интензивираат својата кампања.

Се најавува голем митинг  во Солун, кој треба да се одржи во  недела, со учество на црковни водачи и политичари.

 

 

 

19.01.2018 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа