Касами: Јас сум „дефакто" претседател на Беса

Билал Касами, претседател на Движењето Беса, вечерва при гостувањето во топ-тема на Телма, изјави дека партијата ќе ги поддржи сите реформски зафати на Владата за зачленување во НАТО и почнување преговори за членство во ЕУ.

Касами објасни дека неговиот став е став на сите членови и активисти на Беса и дека партијата е единствена.

- Сепак уште сите се бориме. Јас сум и дефакто и де јуре претседател на Беса, рече Касами во Топ Тема.

- Формално координатор на пратеничката група е Африм Гаши и се додека тој не се изјасни поинаку, јас ќе го третирам и ќе го прифатам како пратеник на Беса, вели тој.

 

 

 

11.01.2018 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа