Кина: Без докази се напаѓа Сирија

Неодговорен е воениот напад на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија под изговор дека сириските власти употребиле хемиско оружје, а без истрага, изјави Хуа Чуенјинг, претставничка на кинескотоо МНР.

- Забележавме дека високи претставници на тие три држави соопштија дека сириската власт „можеби“ употребила хемиско оружје. Сметаме дека е неодговорно извршување воена интервенција врз суверена држава со користење таков изговор, изјави таа на брифинг.

САД, Велика Британија и Франција во саботата извршија ракетни напади врз сириски владини објекти што според нив, се употребуваат за произвдоство на хемиско оружје.

 

 

 

16.04.2018 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа