Марин: Горно Лисиче ќе добие атмосферска канализација и субвенции за еколошки огрев

Кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Златко Марин и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  беа на средби со граѓаните на Горно Лисиче.

Презентирајќи ги проектите и плановите предвидени во програмата за Горно Лисиче, Марин рече дека во фокусот се големи инфраструктурни зафати.

- Горно Лисиче ќе добие функционална фекална и атмосферска канализација која е децениски проблем за граѓаните. Веднаш по изборите ќе го објавиме и планот за реконструкција на улиците кои се во многу лоша состојба. Ветувам инвестиции еднакво за сите граѓани, секаде во општината. Заврши времето на дискриминација, рече Марин.

Тој вети и изградба на детско игралиште, како и реконструкција на постојното фудбалско игралиште.

Спасовски истакна дека Владата со новиот буџет ќе издвои големи средства за субвенции за еколошки огрев и печки за жителите на Скопје. - Со новиот буџет, Владата ќе издвои средства за целосно субвенционирање на печки за огрев и еколошки огрев. Со ова ќе ги намалиме вашите трошоци и ќе го подобриме квалитетот на воздухот, истакна Спасовски.

Граѓаните на министерот Спасовски му се пожалија дека немаа сообраќајна сигнализација на улиците и на железничката пруги, а тој им вети поставување целосна сообраќајна сигнализација веднаш по изборите.

Златко Марин денеска  продолжува со средби си граѓани во Три Бисери. 

 

 

 

13.10.2017 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа