Момче од Тетово се удави во Валона обидувајќи се да спаси две девојки

Двесет и четиригодишно момче од Тетово вчера попладне се удавило во водите на Јонско Море, во албанскиот приморски град Валона, при неуспешен обид да спаси две девојки од давење, јавуваат албанските медиуми.

Трагичниот настан се случил на познатата плажа Зврнец, во близина на заливот Портанова, околу 14:30 часот. Според медиумите, кои се повикуваат на полицијата, момчето од Тетово било на плажата кога здогледало две девојки кои, само што влегле во водата, биле вовлечени од голем бран. За жал, и двете девојки и момчето неуспеале да се спасат.

Според полицијата удавени се Б.Ф. (24) од Тетово, М.М.(27) од Валона и Џ.Ц.(25) од Тирана.
Инаку, вчерашниот ден бил навистина трагичен за Валона – претходно се удавило и 14-годишно момче.

 

 

 

16.07.2017 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа