Николоски: Ако јас се прашувам, решението треба да биде Република Македонија

Македонија има голема подршка за да се приближи напред, но пред европските претсавници Заев им го кажува тоа што тие сакаат да го слушнат, но на крај треба да има резултати. Ако јас се прашувам, решението треба да биде Република Македонија , вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто за „Ноќно студио“.

Во однос на прашањето со името, Николоски вели дека многу работи ветени од претседателот на Владата не се остваруваат. Во однос на средбата на која пристустуваа сите, а се однесуваше за името и која траела многу долго не било кажано речиси ништо суштинско и се дошло до заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ не е информирана комплетно.

 – Гледаме дека се јавува дуализам во владата и гледаме дека некои работи се нејасни. Вие кога водите преговори најлошата тактика е да трчате со оној со кој преговарате. Не смее целиот процес да се води на штета на македонските национални интереси. Македонија има голема подршка за да се приближи напред но пред европските претсавници Заев им го кажува тоа што тие сакаат да го слушнат, но на крај треба да има резултати. Не смее да се има било каков договор или решение кое ќе ги загрози нашите национални интереси. Ние сме против промена на уставот, против промена на македонскиот национален идентите, и ние сме било кое решение да оди на референдум. Владата ги води преговорите и одговорноста е нејзина, дециден е Николоски.

Николоски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема партија во Македонија со најголем број  на пратеници и сите сакаат да го чујат ставот на ВМРО-ДПМНЕ и откри дека странските сите изразуваат задоволство од правецот кој го има одбрано ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на Македонија вели дека сите имаат резервиран оптимизам во однос на прашањето за името, но дека сите сакаат Република Македонија да стане член на НАТО и ЕУ. Тој додава дека Грците се крајно нерационални уште од почетокот на создавањето на проблемот со името и Македонија е во една непријатна позиција. Николоски вели дека целта на сите е една, а тоа е доколку и е добро на државата тогаш ќе биде добро за сите граѓани на оваа држава и затоа ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ги има замолено сите да лобираат за да се отворат портите на Република Македонија во евроатланските интеграции.

Во однос на засилената дипломатска турнеја што ја имаа претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски вели дека тоа е со цел да клучните европски партии да се запознаат со новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

 – Беше потребно пред нашите клучни партнери да го претставиме не само новото раководство на партијата туку и новите политки. Првата работна посета на ВМРО-ДПМНЕ е беше во Брисел и симболично сакавме да кажеме дека местото на Македонија е во ЕУ. Претседателот на партијата оствари голем број на средби во Башингтон, па потоа следуваше средби во регионот каде се сретнавме со сестринските партии во Љубљана и во Белград, вели Николоски.

На средбите претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги понудиле нивните погледи и решенија, но исто така искажале спремност да се поддржат сите законои кои се дел од европската агенда за напредок на Македонија. Но, исто така било посочено дека има назадување кон економијата која е катастрофална, но и кон политичкиот терор кој се спроведува врз ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на законот за јазиците, Николоски рече дека огромниот дел на поднесените амандмани се во насока да се спречи поделбата на опшстеството.

 -Ги претставивме нашите позциии кон законот за јазици. Пред да ги поднесмее амандаманите повикавме 3 пати јавно да ги решиме недостатоците кон законот, да го свртиме кон рамката и да го направиме да биде во согласност со Уставот. Кога видовме дека нема реакција од другата страна ние превземавме ваков чекор зошто сметаме дека овој закон ќе донесе сериозни поделби во Македонија и сметаме дека ова што го правиме е во насока да спречиме вакви поделби, рече Николоски.

На прашањето зошто не фомирале влада со ДУИ, Николоски рече дека една од основните причини што не е формирана  влада со ДУИ е што не можело да се најде заедничко решение околу законот за јазици и дека тоа најдобро го знаат и претставниците на ДУИ кои биле присутни на тие средби и според него многу е нечесно да ги извртуваат работите.

 

 

 

14.02.2018 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа