Објавен деталниот извештај за имплементацијата на планот 3-6-9

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на полноќ на својата веб страница го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9.

- Денеска, 17 април заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страна на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и истиот можете директно да се преземе на следниот линк https://goo.gl/BqGvVt, информираат од СЕП.

Оттаму оценуваат дека во изминатите девет месеци, Македонија успеала да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, а како доказ го посочуваат успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, односно реализацијата на над 90 проценти од предвидените реформи и 100 проценти од неговата суштина.

- Делот девет т.е севкупно Планот 3-6-9 завршува денеска, односно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија. Согласно испорачаните резултати т.е. успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, истиот треба да биде крунисанa со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со Унијата, нагласуваат од СЕП.

Се посочува дека со Планот 3-6-9 не завршуваат реформите, туку реформската агенда ќе продолжи и во иднина во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од Шесте водечки иницијативи на Стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите и забелешките што се очекуваат во денешниот Извештај на Европската Комисија

 

 

 

17.04.2018 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа