Пешевска побара да и се укине притворот: Немам сторено кривично дело најмалку тероризам

Жаклина Пешевска, пратеничката од ВМРО ДПМНЕ која е во притвор, денеска побара да ѝ биде укинат куќниот притвор на јавна седница во Апелацискиот суд.

- „Во животот немам сторено кривично дело, а најмалку тероризам. Не сум ги довела во опасност животите на други пратеници. Прво ме уапсија иако се повикав на пратенички имунитет. По 16 часа под полициско обезбедување, ми беше кажано дека не може да ме испраша судијата, зашто сум имала пратенички имунитет“, рече Пешевска, пренесе Сакамдакажам.

Вишото јавно обвинителство остана на ставот дека Пешевска може да влијае врз сведоците, а одбраната побара куќен притвор.

 

 

 

22.01.2018 - 14:19
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа