Прегазеното дете во Ѓорче има скршеница на череп и потрес на мозокот - општината ќе става семафори

10 годишното дете кое беше прегазено е  во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот. Задржано е на опсервација и се следи неговата состојба на клиниката за неврохирургија. Полицијата го потврди идентитетот на возачот кој удри во детето. Возилото опел Астра го управувал 46 годишен скопјанец кој возејќи со голема брзина го удри момчето на  улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров. Граѓаните револтирани протестираа и ја блокираа улицата каде често се случуваат вакви сообраќајни несреќи. Гневни се на локалната власт и на полицијата, затоа што не си ја извршуваат добро работата. До сега многу пати бараа да се постават семафори за да се воведе ред на улицата покрај основното училиште Мирче Ацев но не добија решение. Од Општината пак велат дека денеска почнуваат со поставување семафор во координација со градот Скопје со што очекуваат целосно да се реши проблемот во сообраќајот. Градоначалникот писмено изрази  жалење за незгодата, јавува Сител.

 -Повикувам пред се на свесност и совесност кај возачите кои сообраќаат по таа улица, особено затоа што во тој дел од Ѓорче Петров, поради училиштето, во најголем број се движат деца, но и на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан. Исто како и тие, и јас очекувам преку конкретен проект, конечно решавање на проблемот, стои во писмената изјава на Алексндар Ннаумовски градоначалник на општина „Ѓорче Петров“.

За советниците во општината од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека неспособноста на СДСМ се плаќа со човечки животи и побараа итно да се преземат мерки на безбедност во сообраќајот на таа но и на другите улици во општината каде што е забележано  дивеење во сообраќајот.

- Ова е втор ваков случај во рок две недели, а 4 - ти во рок од 5  месеци. СДСМ ништо не преземa и ситуацијата секојдневно е се полоша. Градоначалникот Наумоски, кој пред да седне во градоначалничката фотеља бараше итни мерки од МВР и општината, со цел намалување на сообраќајните несреќи, сега откако 6 месеци е градоначалник не презема ништо, изјави Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров. 

Граѓаните велат на оваа улица секојдневно има трки со мотори и автомобили а полицијата не презема ништо. Најавија по радикални протести доколку не бидат преземени соодветни мерки и решенија.

 

 

 

16.04.2018 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа