Ристески: ВМРО-ДПМНЕ инвестираше 1,6 милијарди денари за опремување на 80 лаборатории

Трпе Ристески, директор на Институтот за акредитација  на Република Македонија имаше свое обраќање на денешната панел дискусија на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Образованието и науката се главен двигател во било кое општество и го одредуваат правецот на неговиот развој. Се наоѓаме во ситуација каде СДСМ го руши високото образование без насока каде ќе продолжи понатаму-рече Ристески.

Тој го потенцираше проектот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за опремување на лаборатории во високообразовните институции.

-ВМРО-ДПМНЕ инвестираше 1,6 милијарди денари  за опремување на 80 лаборатории во сите високообразовни научни институции без разлика на кој Универзитет или факултет припаѓаат.

Бев лично вклучен во тој проект и знам дека секој професор што и да побараше од материјали и опрема  му беше удоволена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“

Тој потенцираше дека иако буџетот бил многу помал, Владата направила специјален ребаланс за да му излезе во пресрет на  овој проект, додека пак сега СДСМ го намалува буџетот во образованието без конкретни планови.

 

 

 

 

12.10.2017 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа