Родителите и бранеле да се омажи па тие тајно се венчале: Ова е сопругата на Дино Мерлин

Популарниот пејач Дино Мерлин со својата сопруга зпочнал љубовна врска кога имал 17 години.

Иако со многу љубов и внимание, Мерлин говори за своите најблиски, тој избегнува појавувања во јавноста со членовите на своето семејство, па публиката и да не знае како изгледаат тие.

Токму затоа големо внимание предизвика папарацо фотографијата на која Мерлин е со својата сопруга Амела со која се оженил кога имал 21 година.

-Ако некој имал среќа во животот при изборот на партнер и животен сопатник, тогаш тоа сум јас. Како деца се заљубивме, почнавме да се забавуваме, имав 17 години, а мојата Амела ни 17 години, откри Дино во една прилика додавајќи дека Амела е првата личност со која на која и ги пуштил своите демо снимки, откако ја поддржала неговата идеја да се занимава со музика.

-Ми рече: „Почни, твоите песни се најубави.“ Можете ли да замислите каков ветер во грб е тоа, кога линоста која ја сакате вели дека вашите песни се најубави?, открива Мерлин.

 -Се боревме ,се криевме , но никој не успеа да не раздели, после пет години се венчавме. Беше романтично венчавање, иако буквално морав да ја грабам мојата сопруга.Со нас беше само кумот и нејзината сестра, а говорот на матичарката беше предолг и цело време гледавме на врата некој да не дојде и да ја прекине венчавката. Кога завршивме и кажавме на мојата мајкаи се преселивме таму. Нејзините родители беа многу лути но после пола година попуштија - раскажал Мерлин.

 

 

 

13.10.2017 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа