Се венчале па побарал развод по три дена: "Таа жена е баксуз"

Еден маж толку се преплашил што одлучил веднаш да се разведе од сопругата со која штотуку се венчале.

Мажот од Саудиска Арабија се развел после само 2 дена од својата жена и тоа после серија инциденти кои го увериле дека неговата сопруга и целиот брак се „баксуз“.

Тие се венчале и отишле на меден месец на Црвеното море и веќе првата вечер се случил „инцидент“. Излегле на вечера во локален ресторан, а келнерот кој ги служел паднал веднаш штом таа го погледнала.

Кога се вратиле во својот апартман, таа отишла до огледалото, зела шишенце парфем и рекла дека е прекрасен. Само што го кажала тоа, парфемот паднал на под и се скршил.

Бидејќи овие два инциденти биле само последни во низата слични, мажот одлучил да ја врати невестата кај нејзините родители.

– Не сакал ниту да ја разлути невестата, верувал дека може да го повреди само со поглед, пишуваат весниците.

 

 

 

11.01.2018 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа