Тешка сообраќајка кај Банско - повредени четворица Македонци

Четворица македонски државјани завршија во болница откако синоќа настрадаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Добриниште-Банско, Бугарија, јави БГНЕС.
 
Автомобилот со македонска регистрација излетал од патот и се превртел неколку пати. Две амбулантни возила од Банско и од Разлог пристигнале на местото на настанот, а пожарникари го сечеле возилото за да ги извлечат повредените патници.
 
Сите повредени се во болницата во Разлог и се надвор од животна опасност. Повредени се тројца 48-годишни мажи и еден 41-годишен маж. Тие имаат различни повреди – контузии на градите, фрактури и повреди на екстремитетите.
 
Полицијата земала крв од возачот поради сомневање за употреба на алкохол.
 

 

 

20.01.2018 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа