Трагедија на полноќ во Скопје: Еден починат на лице место, друг на Трауматологија

Триесетина минути пред полноќ се случила страшна несреќа во Скопје, во која за жал едно лице починало на лице место.

Полицијата денеска информира дека во 23 часот и 30 минути, на булеварот „Александар Македонски“,  се случила сообраќајна незгода во која 36-годишниот Г.С. од скопско Марино, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра.

За жал, од здобиените повреди починал на лице место, додека неговиот сопатник,  38-годишниот З.М. од истото село,  се здобил со телесни повреди и со  возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар - Скопје, каде е задржан на лекување на Клиниката за Трауматологија.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција.

 

 

 

13.01.2018 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа