УХМР предупредува: Вечерва вистински потоп

По најавите за нови врнежи од дожд и снег, можно е извесно зголемување на водостоите на реките, особено во западните и јужните делови од земјата, но сепак не се очекува излевање, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува зголемување на водостојот на Трска, Црна Река и Голема Река во околината на Ресен, како и на водотеците кои доаѓаат од Кожув и реките во Гевгелиско-валандовската котлина.

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолците, иако не очекуваат поплавувања.

Врнежи од дожд се најавуваат за денес и во текот на ноќта. Според прогнозата на некои места тие ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат над 30 л/м2.

 Во ноќните часови пообилни врнежи, во пониските делови од дожд, ќе има во југоисточните подрачја. Во местата со обилни врнежи ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје  облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура до 6 степени.

Утре и во четврток во крајните западни и јужни делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб, повремено умерен интензитет. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во покачување.

 

 

 

13.02.2018 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа