Веста дека Груевски утре ќе оди на суд за да ги слуша снимените материјали не е точна

Во дел од медиумите се појави информација дека утре поранешниот премиер Никола Груевски ќе се појави на суд, но овој пат да ги слуша незаконски стекнатите материјали кои се дел од доказната постапка. Ниту одбраната, ниту Груевски тоа го побарал ниту го договориле, дознава Курир.

Не е точно дека утре ќе се одржи рочиште за случајот ТНТ кој се одложува на барање на судијата и со заеднички договор на обвинителството и одбраната.

Денес на судското рочиште за случајот Траекторија, едно од главните барања на одбраната на Груевски беше да се дадат преписи од материјалите кои ги поседуваат СЈО и Судот.

-Бараме препис од незаконски стекнатите материјали, односно аудио копија, нешто што ни следува. Бараме копија и не разбирам зошто без никаква причина СЈО и Судот дел од доказите да ни ги врачи, а дел да не ги ни  врачува без никакво образложение. Освен она што го кажа обвинителката дека може нешто да менува, ќе потсетам дека ние ќе имаме копија, а не оригинал, и благодарам на укажувањето  од обвинителката дека материјалот може да се менува нешто за што и ние предупредуваме- изјави Груевски.

 

 

 

14.02.2018 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа