Видео: После земјотресот се активираше и вулканот во Јапонија - четири градови во пепел

Вулканот Шинмоедаке кој се наоѓа во југозападниот дел на Јапонија, по шест години повторно се активираше и денес исфрли големи количини пепел кој ги прекри околните населени места.

Јапонската телевизија „Ти-Би-Ес“ објави снимка од ученици, кои поради пепелот на училиште одат со шлемови на главите и заштитни маски, пренесува АП.

Жителите опишале дека најпрво одекнале татнежи од вулканот, по што пепел паднал врз најмалку четири населени места во префектурата Мијазаки.

Ерупцијата на вулканот, кој се наоѓа на границата меѓу префектурите Кагошима и Мијазаки започнала вчера, за прв пат во шест години, а денес вулканот исфрлил пепел во висина од 1.700 метри од кратерот, информира метеоролошката служба на Јапонија.

Поради активноста на вулканот, безбедносната тревога е подигната од второ на трето ниво, на скалата од вкупно пет нивоа, што значи дека луѓето се предупредуваат да не се приближуваат до вулканот.

Се претпоставува дека вулканот ќе исфрала пепел и вулкански камења и во текот на утрешниот ден, а опасноста по населението ќе зависи и од ветровите, но и висината на која тие се наоѓаат.

 

 

 

12.10.2017 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа