Владата најави две нови странски инвестиции

Две инвестиции најави македонската Влада.  Фармацевтската „Саген“ ќе гради фабрика за производство на лекови во Бунарџик, планира да инвестира 20 милиони евра. Втората компанија „Вик“ вложува во зоната во Прилеп, ќе гради фабрика за производство на прехранбени продукти и апарати за домаќинство, инвестиција тешка 6 милиони евра. 

- „Компанијата „Саген“ треба да започне со изградба на фабрика во рок од две години по потпишувањето на договорот и треба да биде изградена за период од најмногу пет години и дополнително со овој договор има обврска 300 нови вработувања да има“, рече владиниот портпарол Бошњаковски.

 

 

 

14.02.2018 - 13:33
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа