ВМРО-ДПМНЕ:Заев, Тевдовски и Анѓушев ја задолжија државата за преку 570 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Од Нова година црното економско трио на СДСМ Заев, Тевдовски и Анѓушев ја задолжија државата за преку 570 милиони евра

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ економски ќе ја уништи Република Македонија. Во реакцијата на прес конференцијата на на министерот за финансии, Драган Тевдовски, се вели дека нивната неспособност и расипништво ќе го плаќаат граѓаните долго време по заминувањето на оваа катастрофална гарнитура на власт.

-СДСМ ќе го качи јавниот долг на Република Македонија над 50 %, а самите тие велеа дека земјата е пред банкрот уште кога долгот надмина 40% во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Од нова година до сега, за неполни две недели, тајно, зад затворени врати, црното економско трио на СДСМ Заев, Тевдовски и Анѓушев ја задолжија државата за преку 570 милиони евра. За само 12 дена секој граѓанин во Република Македонија, благодарение на СДСМ должи нови, приближно 300 евра. Заев, Тевдовски и Анѓушев на едно четиричлено семејство за нова година му подарија нов долг од приближно 1 200 евра, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека најпоразително е тоа што нови капитани инвестиции нема, освен оние кои беа предвидени од ВМРО ДПМНЕ.

-Владата на СДСМ се задолжи за над поливина милијарда евра без реална потреба. Со задолжувањето ќе го покриваат огромниот буџетски дефицит, на најголемиот и расипнички буџет во историјата на државата, во кој нема пари за покачување на пензиите, социјалната помош, но нема пари ни за нови капитални инвестиции. Владата на СДСМ од своето доаѓање до денес ја задолжи државата за неверојатни 1.3 милијарди евра. 1.3 милијарди евра, пари кои ќе ги враќаат идните генерации, без државата да има реален бенефит, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од таму велат дека додека државата неосновано се задолжува, стопирана е и реализацијата на тековните проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Застанаа со градба автопатиштата, нема пари за зголемувањата на пензиите и социјалните трансфери, нема пари за нови енергетски капацитети.

-Лицемерието на СДСМ е евидентно за граѓаните.СДСМ до пред една годинаа го напаѓаа секое задолжување на владата на ВМРО-ДПМНЕ, задолжувања кои беа за реаализација на нови проекти, за сега  истите тие кои критикуваа задолжувања заради развој да се задолжуваат без реален основ. Владата знае дека граѓаните не го одобруваат ова задолжување. Токму затоа се обиде да го прикрие, со објавувањето на одлуката за еврообврзница во службен весник во екот на новогодишните празници, се вели во соопштението.

 

 

 

12.01.2018 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа