Во Штип утре ќе гласаат болните и осудениците

Општинската изборна комсија (ОИК) - Штип се подготвува за утре, кога гласаат болните и изнемоштените лица и осудениците во затворот Штип, изјави на денешната прес-конференција претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева.

Во Штип утре своет право на глас ќе го искористат 88 болни и изнемоштени лица.

- Верувајте дека организацијата оди добро, ниту еден избирачки одбор нема да биде оставен да чека многу, да се случат некои непредвидени ситуации, кои би направиле проблеми. Се е добро организирано, а избирачките одбори утре од осум часот почнуваат со преземање на избирачкиот материјал, вели Андреева.

Таа истакна дека избирачкото место во затвор Штип ќе биде отворено во седум часот, а се затвара во 19 часот.

- Имаме 229 гласачки личвчиња или толку осуденици ќе гласаат во Затвор-Штип, рече Андреева.

Во Штип има 80 избирачки одбори а право на глас имаат 42.083 гласачи. Граѓаните своето право на глас ќе можат да го остварат на 15 октомври, а гласачите места ќе бидат отворени во седум часот. 

 

 

 

13.10.2017 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа