Вонредно Собрание на МКФ, се решава за судбината на Наумовски

Вонредно собрание на Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ) ќе се одржи денеска напладне на кое ќе се одлучува дали актуелниот претседател, Петар Наумовски ќе остане на чело на МКФ.

Доколку клубовите му изгласаат недоверба, за претседател на Федерацијата ќе се кандидираат поранешниот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски и поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски - Циц.

Наумоски пред еден месец го прекина редовното Собрание, пред точката за гласање за негова доверба да дојде на дневниот ред. Владо Илиевски во меѓувреме ја испочитува процедурата и ги поднесе неопходните потписи, по што актуелниот претседател беше принуден да свика на вонредно собрание.

Илиевски вчеравечер на „Фејсбук“ напиша дека денес е голем ден за кошарката во Македонија и оти ќе направи се за овој спорт го врати на старите патеки.

- Одговорноста која би ми била дадена со функција на претседател на МКФ, пред цела Македонија и посебно моите сограѓани од Струмица, кои целосно веруваат во мене ќе ја преземам со цело срце за да ја вратиме кошарката на старите патеки, таму каде што заслужува да биде. Утре ќе биде голем ден за кошарката во Македонија, напиша Илиевски на својот „Фејсбук“. 

 

 

 

11.02.2018 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа