Временска прогноза за оваа зима: Вакви предвидувања уште не сме виделе

Додека Северна Европа има влажна зима, Балканот го чека нешто сосема друго.

Сите сакаат да знаат какво време ќе не пчекува во зимава што следува, а квалитетна пргноза вчера се појави на специјализираниот сајт AccuWeather.

Ако е точно тоа што го пишуваат, а познати се како релевантен извор на информации, Балканот го очекува топла зима со недостаток на снег и дожд.

foto: Accuweather

Како што е наведено во прогнозата, зимата остро ќе започне  на северна и западна Европа, со чести бури кои ќе донесат ветер и дожд. Додека на Балканот главна карактеристика за оваа зима ќе биде - сушата.

-Тоа не значи дека во овие подрачја нема да има дожд за време на зимските денови, но нема да биде доволно, што додатно ќе ја влоши сушата која е во тек - изјавил метеорологот Алан Реперт.

Во многу од тие подрачја сушата ќе биде уште полоша на крајот од зимата, што може да донесе сериозни последици врз земјоделството следната година, а и да го зголеми ризикот од пожари летото и есента, ако дождовите на пролет повторно бидат под нивото.

 

 

 

20.10.2017 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа