За да се ожени со Цеца, Аркан морал да го направи ова: Колку чинела свадбата и кој платил за неа?

Свадбата на Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан,важи за свадба на деценијата и предизвика големо внимание како на балканскиот регион, така и во светот.

За нивната свадба која се одржа на 19 февруари 1995 година, порачале торта од пет ката, која била тешка 70 килограми, а вкупната цена за свадбата, според пишувањата на медиумите изнесувала околу 100.000 марки. Тоа го платил пријателот на Аркан од Италија, Џовани ди Стефано.

Сепак пред Аркан да се ожени со Цеца, морал да направи нешто неочекувано.

Имено балканската дива се омажила за Аркан на 19 февруари 1995 година. Пред самата венчавка Аркан за да го склопи бракот со Цеца, морал да добие благослов од Црквата, затоа што од својата избраничка бил постар дури 21 година, а и претходно повеќе пати бил женет. Свадбата ја следеле двете најголеми медиумски куќи во Велика Британија и Америка, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен.

 

 
 

 

 

20.01.2018 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа