Жена искасана од кучиња на Плоштадот во Скопје - нападнати уште две лица

Три лица од Скопје нападнати од кучиња скитници.

Во 23,30 часот во Полициската станица Гази Баба, 20-годишниот М.В. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21 часот, додека се движел пеш по улицата „Ташко Караџа“, бил нападнат од куче-скитник кое го каснало за десната потколеница. 

Во 14,30 часот во Полициската станица Центар, 50-годишниот М.Т. од Скопје пријавил дека околу 15 часот на улицата „Антонио Грубишиќ“ бил каснат од куче скитник при што се здобил со повреди на левата потколеница.

Вчера во 17,10 часот во Полициската станица Центар, 41-годишната Б.Л. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 09 часот на улицата „Македонија“, додека се возела со велосипед, била нападната од повеќе кучиња-скитници од кои едното ја каснало на десната потколеница.

 

 

 

17.04.2018 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа