Беќир Асани: Што ги мешате ДУИ и Владата - Селмани е копиле и не отстапувам од тоа

Асани кој деновиве е во центарот на медиумското внимание откако го навреди претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, нарекувајќи го "копиле",  вели дека тоа е негов личен став и не го менува, а ДУИ и Владата не требало да се мешаат во тоа.

– Јас му реков дека е копиле и пак повторувам дека е копиле, ништо повеќе. А што се однесува до тоа дали добил некаква закана од мојот брат, јас немам такво сознание. Тука не станува збор за ДУИ, ниту пак за Владата, чиј дел е ДУИ. Јас не можам да говорам во име на овие два органи, но уште еднаш ќе повторам дека јас зборувам исклучиво во мое име,  вели Асани во изјава за ТВ 21.

 

 

 

13.03.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа