Брутално убиство или несреќен случај: Пронајден мртов маж во Штип, сликата била ужасна

 

Брутално убиство или несреќен случај во Штип. Безживотното тело на 62 годишниот Трајче Б. е пронајдено утринава во семејната куќа на улица Сутјеска. Телото го пронашол неговиот син, инаку инвалид во количка, а случајот во полиција околу 7 и 45 го пријавила соседка. Екипа на крим техника веднаш пристигнала на местото на настанот, јавува Сител.

- Од извршениот преглед на телото на починатиот констатирани се видливи повреди, особено во пределот на главата-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип

По преземени мерки и активности, а во координација со јавен обвинител, од слобода се лишени тројца штипјани на возраст од 24, 29 и 32 години.  Трајче живеел сам во куќата. Од полицијата велат дека се уште не можат со сигурност да тврдат дека се работи за убиство и  дополнителната истрага треба да ги открие мотивот или причината за неговата смрт.

 

 

 

21.02.2018 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа