Дачиќ: Жените и мажите да имаат исти плати за иста работа

 

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, се залага за донесување закон во Србија по примерот на Исланд, со кој на мажите и на жените би им биле загарантирани исти плати за иста професија.

Пред почетокот на изборната конференција на Форумот на жени на СПС рекол дека очекува и тоа партиско тело да поведе иницијатива за усвојување таков закон.

Тој рекол дека лично се залага за спречување секаков вид дискриминација. Според него, ако во Србија се залагаат за спречување секаков вид дискриминација, вклучувајќи ги и прaвата на ЛГБТ-лицата, тогаш е неопходно во 21 век да им се овозможат исти плати на мажите и на жените што имаат исти професии.

 

 

 

11.01.2018 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа