Денеска е меѓународен ден на среќата

 

Меѓународниот ден на среќата е востановен во 2012 година од страна на Генералното собрание при Обединетите Нации, и оттогаш се чествува секоја година, на денешен ден – 20 март.

Целта на Меѓународниот ден на среќата е преку семинари, разни едукативни работилници и собири ширум светот, да се подигне јавната свест за предностите на среќата.

Идејата изворно произлезе од Хималаите, односно од Кралството Бутан, кое е своевидна лулка на многу од глобални духовни движења. Во 1970-те години потекнува идејата и за нова „мерка за национална благосостојба“, која не се мери според материјалните богатства, туку според чувството на среќа кај луѓето, познато како „бруто национална среќа”.

Овој ден ни служи како потсетник дека среќата никогаш не произлегува само од материјалните добра, моќта или славата, туку пред се од семејството, пријателствата и емоционалната исполнетост.

 

 

 

20.03.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа