Дете раскажа за голготата во Домот „25 Мај": Девојчето било три пати силувано, два пати му подметнале пожар

 

На прв поглед, оваа зграда изгледа како институција во која треба да има деца, но приказната зад овие ѕидови е сосем поинаква. Ова момче кое седи во ходникот на Домот „25 Мај“ и пуши цигара како возрасен маж, има само 13 години. Иако тоа го прави внатре во објектот, никој не му вели дека пушењето е забрането, пренесува ТВ 21.

Силуваното девојче за кое изминативе неколку недели континуирано се зборуваше во медиумите го познаваат речиси сите во овој дом, а само едно дете се осуди да зборува пред камерата на ТВ21.

Девојчето не го видел речиси 8 месеци, а додека престојувала во овој дом, два пати и подметнале пожар во собата во која спие. 

И во домот „Ранка Милановиќ“ состојбата не е подобра. Вратите се отворени, а се собираат и лица кои не живеат тука, пишува ТВ 21.

 

 

 

 

21.02.2018 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа