Дождот направи проблеми на улиците: Петмина повредени во Скопје

 

 

Едно лице било потешко повредено во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а материјална штета биле причинета во четири сообраќајки.

Сообраќајната полиција санкционирала 10 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал на крстосница на црвено светло. Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 12 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и девет технички неисправни возила. Затекнати биле и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети биле 42 возила. 

 

 

 

13.03.2018 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа