Два дена по масакрот во Флорида повторно напад: Колеџ во Вашингтон под полициска опсада

 

Два дена по смртоносните пукотници во средно училиште во Флорида, кога 19-годишно момче уби 17 ученици, американската полиција повторно се занимава со вооружена пресметка на Хајлајн колеџот во Вашингтон.

Драмата започнала во 9 часот по локално време кога во полиција било пријавено дека во колеџот има пукање и дека студентите се затвориле во училниците.

Полицијата преку Твитер објавила порака до колеџот во која било наведено дека не станува збор за вежба и веднаш да бидат затворени сите врати и прозорци, пренесува АП.

Засега не е познато дали има жртви. На лице место има полиција и служби за вонредни ситуации.

 

 

 

17.02.2018 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа