Џафери ја прекина седницата: ВМРО-ДПМНЕ писмено ќе му достави барања

 

Бурна атмосфера во Собранието на 32. седница на која треба да се гласа за Законот за јазиците.

ВМРО-ДПМНЕ ќе му достави писмено две барања на претседателот на Собранието Талат Џафери. Првото барање е да заседава Комисијата за мандатни прашања.

Второто барање од опозициската партија е да се разгледуваат амандманите на седницата.

Претходно прв седницата ја отвори токму Димовски кој рече дека самиот Џафери потпишал да се ставаат амандмани и покажа документ, а исто така рече дека датумот кога почна воениот конфликт не случајно бил избран за да се гласа Законот.

 

 

 

 

14.03.2018 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа