Една третина од гласачите излегле во Виница, Зрновци и Чешиново Облешево

 

Според податоците од општинските изборни комисии на Виница, Зрновци и Чешиново Облешево, излезноста на гласачите е најголема во Зрновци 38,6 отсто.

Во општина Виница до 13 часот гласале 5.200 граѓани или 30,1 отсто. Во оваа општина на единствениот избирачки список се запишани 17.354 гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 33 избирачки места.

Во општина Зрновци до 13 часот излезноста е 38,6 отсто или на гласање излегле 1.016 граѓани од запишаните 2.628 на четири избирачки места.

Во општина Чешиново Облешево до 13 часот гласале 1.661 граѓанин со право на глас или 29,1 отсто. Во оваа општина на 13 избирачки места во избирачкиот список се запишани 5.695 граѓани со право на глас.

И во трите општини во рамките на вториот круг гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера.

 

 

 

29.10.2017 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа