ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

 

AД ЕЛЕМ објавува продажба на вишоци на електрична енергија за јуни годинава во вкупни количини од 24.480 мегават часови, од кои 14.400 се „базна”, а 10.080 „врвна” електрична енергија.

Продажбата, како што информираат од компанијата, ќе се одржи во вторник на 22 мај во просториите на Дирекцијата на АД ЕЛЕМ – Скопје, по пат на аукциско наддавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

- Во понатамошниот период ќе следуваат нови објави за продажба на вишоци електрична енергија за јули, благодарение на добрата оперативна производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството која е направена во изминатиот период и која овозможува дополнително производство на електрична енергија, велат од ЕЛЕМ.

Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај годинава кога на беа продадени вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра. 

 

 

 

17.05.2018 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега