Евакуиран трговски центар во Белград поради дојава за бомба

 

Трговскиот центар „Делта сити“ во Белград е евакуиран по дојава за бомба, објави Б92. На местото се пристигнати припадници на специјалните единици. „Блиц“ објави дека според нивни сознанија станува збор за лажна дојава. Од управата на трговскиот центар за „Блиц“ изјавиле дека добиле повик од Министерството за внатрешни работи откако полицијата добила анонимна дојава дека е поставена бомба. „МВР преку телефонскиот број 192 доби анонимна дојава дека вечерва ќе биде извршен напад на трговскиот центар ‘Делта сити’ во Белград. Веднаш на местото се упатени наши екипи“, соопштило српското МВР

 

 

 

12.12.2017 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа