Федерер стана највозрасен „рекет број еден“ во историјата на тенисот

 

Рожер Федерер во четвртфиналето во Ротердам успеа да го совлада Робин Хасе со 2-1 во сетови, а самиот пласман во полуфиналето го искачи на првото место на АТП листата.

Тој воедно со 36 години стана највозрасен „рекет број еден“ во историјата на тенисот, надминувајќи го Андре Агаси кој беше на врвот на АТП листата на 33 години во септември 2003 година.

Хасе  имаше добар старт и го изненади Федерер во првиот сет, користејќи ја првата и единствена брејк шанса што му се укажа за водство од 4-6.

Меѓутоа, Швајцарецот експресно израмни на 1-1 и го доби вториот сет со 6-1 по само 20 минути игра.

Во одлучувачкиот сет стигна лесно до победа од 6-1.

Федерер последен пат се наоѓаше на првото место на АТП листата во 2012 година. 

 

 

 

16.02.2018 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа