Фејсбук ја враќа опцијата која некои често ја користеа, а некои ги нервираше

 

Во почетокот од постоењето на Фејсбук, имаше една опција која денес се чини дека е малку заборавена.

Опцијата "poke", служи ако сакате да потсетите некој дека сте присутни или само да го поздравите, можете едноставно да го „боцнете“.

Иако многу малку се користи, се чини дека Фејсбук сака да му даде уште една шанса, па воведува неколку нови опции за поздрав, која функционира слично како „poke“

Од оваа недела, Фејсбук започна со тестирање на новата опција, со која може да мафнете, намигнете, дадете „high five" или да пратите прегратка.

Се што треба да направите е да го отворите профилот на оној на кој сакате да го поздравите и да ја пронајдете опцијата за  "hello" и изберете опција која сакате да ја пратите.

 

 

 

 

12.12.2017 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа