Фото: Масовна евакуацја во Колумбија - повеќе од 25.000 луѓе ги напуштија домовите

 

Повеќе од 25 илјади луѓе се евакуирани во северозападниот дел на Колумбија околу локацијата каде се гради хидроцентрала, соопштија локалните власти.

Евакуацијата се однесува на четири од 12 општини кои се наоѓаат околу местото каде се гради најголемата брана во земјата, бидејќи постои опасност од поплави и свлечишта.

Централата Хидроитуанго, чија изградба почна во 2010 година би требало да покрие една третина од енергетските потреби на земјата. Еколошките здруженија се категорично против браната, поради што и одржаа серија протести. 

 

 

 

22.05.2018 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа