ФОТО: Ова е убиецот на Викторија - избегал кај мајку му бидејќи ја силувал и убил новинарката додека џогирала

 

Бугарските власти потврдиле дека по нивно барање во Германија е уапсен маж осомничен за силување и убиство  на новинарката Викторија Маринова (30) и дека очекуваат негово испорачување.

Осомничениот Северина Красимиров (21) е уапсен во вторникот во домот на неговата мајка кај која избегал после бруталното злосторство. Бугарските власти очекуваат Германија да го префрли Красимир на нивна територија, рекол министерот за внатрешни работи Младен Маринов.

Телото на 30-годишната Викторија Маринова е пронајдено во саботата недалеку од Дунав во градскиот парк на нејзиниот роден крај Русеа каде редовно трчала. Таа е силувана, брутално претепана и задавена.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија реков дека засега нема докази дека нејзиното убиство е поврзано со нејзината работа.

Маринова која има седумгодишна ќерка, била вклучена во истрагата на група бугарски новинари за инфраструктурни прокеит кои ги финансира ЕУ, а со кои управуваат локалните власти.

 

 

 

10.10.2018 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега