Фото: Последната фотографија со другарките - Мина од својата моминска заминала директно во смрт при авионска несреќа во Иран

 

Турската телевизија NTV соопшти дека во авионската несреќа која се случи вчера во Иран, загинала ќерката на шефот на одборот на директори на инвестицискиот холдинг „Basaran“ Хусеин Башаран – Мина Башаран.

Според извештаите на турските медиуми, во авионот имало 7 други девојки, а загинале вкупно 11 лица.

(FOTO) OVO JE POSLEDNJA FOTOGRAFIJA 8 DRUGARICA: Ćerka turskog bogataša jezivo stradala posle devojačke večeri zajedno sa prijateljicama! A za koji dan trebalo je da obuče venčanicu...

Турските медиуми претходно пренеле дека станува збор за ќерката на Басаран, 28-годишната Мина и седум нејзини пријателки, кои се враќале во Истанбул од моминска вечер во Дубаи, наведува “Reuters”.

Девојките заминале во Дубаи да направат моминска забава, подготвувајќи се за свадбата на Мина, која едвај ја чекале. Таа требало да се венча во април.

Но, по големата трагедија, наместо да слават свадба, сега нивните семејства треба да организираат 11 погреби.

Иранската државна телевизија ја пренела изјавата на портпаролот на агенцијата за вонредни ситуации, Мојтабе Каледија, дека авионот удрил во планината Шар е Кодра и се запалил.

 

 

 

12.03.2018 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа