Германскиот државен министер за Европа, Рот во понеделник во Скопје

 

Германскиот државен министер за Европа во понеделник доаѓа во Скопје на средби со претставници на власта и опозицијата. Како што најави германското МНР, централна тема на состаноците ќе биде договорот со Грција.

Михаел Рот ќе биде првиот висок претставник од земјите-членки на ЕУ кој доаѓа во Скопје во пресрет на очекуваниот референдум за промена на името најавен за наесен. Најавени се средби на државниот министер со премиерот и вицепремиерот Зоран Заев и Бујар Османи, со министерот за надворешни работи Никола Димитров како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Од германското МНР наведуваат дека посетата на Рот на Скопје доаѓа еден месец по потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција и потенцираат дека токму спроведувањето на овој договор ќе биде централна тема на состаноците, покрај разговорите за спроведувањето на неопходните реформи во земјата.

 
 

 

 

20.07.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега