Иванов ги замолил Заев и Димитров да си заминат од Вила Водно

 

Претседателот Иванов воопшто не ги примил Заев и Димитров, брифираат доброупатени извори. Според нашите информации, Иванов воопшто не сакал да разговара за детали од договорот сметајќи дека тој е на штета на интересите на Македонија. 
Од Кабинетот на Претседателот воопшто не сакаат ниту да ја потврдат ниту демантираат оваа информација.
Претходно со соопштение се јави кабинетот на Заев. Од таму велат дека Иванов го прекинал состанокот. 

„Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина.

 

Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ“ - стои во владиното соопштение.

За во 13 часот најавена е и средба меѓу Иванов и Мицкоски, по што Претседателот во попладневните часови се очекува да има обраќање до граѓаните.

 

 

 

13.06.2018 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа