Излезеноста до 13 часот во Старо Нагоричане 27,5 проценти, во Липково 18

 

Излезеноста до 13 часот во општина Старо Нагоричане е 27,5 проценти, а гласањето се одвива тековно, соопштија од Општинската изборна комисија.

Во оваа општина право на глас имаат 3.428 граѓани кои гласаат на 37 избирачки места.

Гласањето во општина Липково, исто така, се одвива непречено, информираа од општинската изборна комисија.

Според Лирим Шабани, претседател на ОИК, до 13 часот, излезеноста е 18 проценти.

Во Липково право на глас имаат 25.070 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места

 

 

 

29.10.2017 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа